Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ние сме болно општество – смртта ни е гратис

0
By Zoran Ivanov on April 26, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 26, 2026 12:34

Велат, ако немааш пари и поп нема молитва да ти испее. И Бог не има препуштено во рацете на банди од нелуѓе.

Бошко Нацевски

На еден наш сограѓанин, пред два дена животот му заврши под одрон од земја. Која му беше задната мисла на тој твој, мој, наш човек. Веројатно во тоа гробно бунило се простувал од најмилите, од рожбите, од пријателите, од животот.

Освен за унесреќеното семејство, за сите нас, што се уште дишиме, оваа трагична приказна може да се рече дека веќе е завршена.

Дебили, имаат оперирана мозочна маса, која не чувствува туѓа болка.

Шеесет и три млади животи изгореа, гламјосаа.

Четириесет и пет во автобус ги усмрти огнениот пекол.

Во друг автобус смрт најдоа 16 наши сограѓани.

Колкав е бројот на одземени животи на цутови на тротоари или на улични премини. Неброени се жртвите од огнено оружје во рацете на лудаци.

ќе пресмета ли некој колку се оние што заминаа од овој свет со молбена молитва на усните за уште ден живот од немоќ да си купат здравје во баснословно скапите приватни здравствени, да речам, касапници.

Пред три дена самиот се допсув што подолго не бев се јавил на помлад човек од Бродско, што случајно пред повеќе од деценија бев го запознал, а знаев дека здравјето му е нарушено.

Му заѕвонив и веќе ме громоса неговиот изнемоштен глас. Зборовите што следеа беа драма што трештува. Што прободува, убива. Млад живот во агонија. За спас, белите мантили му ја кажале цената – 25 илјади евра.

Овде зборовите и најблажените, најсрдечните, најискрените, не се лек. Животот ни станува се поскап, а смртта премногу ефтина.

Еден лекар, така читавме, за еден месец зел 12.000 евра, а друг, 700.000 за една година. Биле специјалисти, за живот, но би се рекло и за смрт во ова изопачено здравство на прескап бизнис, во кој не се добива гарантен лист за живот, освен трансакциска сметка за тоа колкава цена си платил за тоа парче надеж.

Немало доволно лекари специјалисти. Немало лекови. Немало термини. Немало пари за современи медицински апарати.

А болни, се повеќе.

Текстов не знам како да го завршам, освен да речам дека ние сме болно општество. Канцероген систем со селективна одговорност и правда. Животот, каков таков, за многумина никаков, скапо го плаќаш, а смртта ни е гратис.

Велат, ако немааш пари и поп нема молитва да ти испее.

И Бог не има препуштено во рацете на банди од нелуѓе.

Извор: Фејсбук

 

бошко нацевски колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.