НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ниеден случај на напад врз судија не е разрешен, само добиле заштита

0
By Нова ТВ on June 8, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 било одобрено уште пред две недели на барање на судот, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по вчерашната информација во јавноста дека полициски специјалци 24 часа ја чуваат судијката Кацарска.

„Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштита на интегритетот и на личноста. Во овој случај врз основа на барање од Судот, а по проценка направена во службата, е доделено физичко обезбедување на судијката Добрила Кацарска“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за обезбедување на судијката Кацарска.

Полицијата, како што рече Спасовски, работи на откривање кој и зошто и’ се заканува на судијката Кацарска.

Добрила Кацарска е позната во јавноста по случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој  изрече затворска казна за поранешниот премиер Никола Груевски и за екс помошник министер за внатрешни Ѓоко Поповски. Во овој случај е обвинета и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска, за која поради ризична бременост беше издвоена постапката. Покрај Кацарска, и на другите судии што судат во овој предмет им е доделено обезбедување а една од поротничките пријавила закани. Додека ја извршуваше функцијата претседателка на скопскиот Кривичен суд, на крајот на 2016 година, Кацарска се соочи со тужба за злоупотреба на службената положба.

Нападите врз судиите не се ништо ново

Од октомври минатата 2017 година до денес официјално регистрирани се и трите последователни напади на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Последниот е оној од почетокот на годинава кога, според тврдењето на Панчевски бил нападнат на работното место во судот за прекршоци, каде е прераспореден по доаѓањето на Иван Џолев за претседател на Кривичниот суд.

Тој тогаш тврдеше дека во неговата судница влегол Горан Стаменковски, вработен како раководител на сектор за човечки ресурси во Кривичниот суд и почнал да му се заканува споменувајќи ја и сопругата на Панчевски. Сведок на вербалниот напад, кажа тогаш судијата, била засписничарка вработена во судот.

На крајот на 2017 година судијата Владимир Панчевски поднесе кривична пријава против полицискиот службеник од полициската станица Центар, кој, според тврдењето на Панчевски, полицаецот без  повод и причина почнал да упатува пцовки и навреди кон него и кон неговото семејство.

Претходно пак, во октомври 2017 година, Панчевски го обвини и СЈО за незаконски извршен претрес во неговиот дом и за кражба на клуч. Тогаш тој изјави дека е загрижен за својата и безбедноста на своето семејство.

„Пријавите против полицаецот и СЈО се отфрлени. За кривичната пријава што ја поднесов против Горан Стаменковски се’ уште нема одлука но очекувам дека и неа ќе ја отфрлат. Државата за некого ангажира тигри а за некого мачиња. И мене ми нуделе полициска заштита особено кога го судев случајот со Бајруш Сејдиу но јас ја одбив. Ако судијата е чесен тогаш нема од што да се плаши“, вели во изјава за НОВА ТВ судијата Панчевски.

Пред нешто повеќе од една година на почетокот на март 2017, во Охрид беше искршено возилото на судијката Билјана Белеска Пројкоска вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право. Како што известуваа тогаш медиумите, сторителите ги искршиле двете ветробрански и двете стакла од совозачката страна. На возилото немало оставено никаква порака.

Тоа не бил прв напад врз истата судијка. Неколку месеци пред да и го уништат автомобилот Белеска Пројкоска избегнала сообраќајна незгода поради, како што тврдеа тогаш за медиумите, неименувани извори, „ненадејна неисправност на возилото“.  На два пати бил обиен и ограбен и нејзиниот стан.

Фото: ohridnews.com

Во време на нападите, судијката Белеска Пројкоска го судеше предметот за двојното убиство што се случи во угостителскиот објект „Император“ во Охрид во август 2014 година и му досуди доживотен затвор на обвинетиот Бојан Петрески.

„Казната не е одмазда, таа е соодветен општествен одговор и санкција за стореното дело и за предизвиканите последици. При изрекување на казната, за која ние како судски совет долго разговаравме, земени се предвид сите аспекти по однос на висината на казната, земени беа предвид сите изнесени докази, но и однесувањето на обвинетиот во текот на првото судење, кој тогаш упати јавни закани пред присуство на сите нас“ образложи тогаш Белеска Пројкоска.

Здружението на судии реагира, ефекти од реакциите нема

Ние секогаш ги осудуваме нападите на судиите и најостро ќе реагираме на секој иден напад врз наши колеги, вели претседателот на здружението, судијата Џемаил Саити.

„Од секогаш сме реагирале на ваквите појави и сме барале и бараме државата да обезбеди гаранции за независно судство меѓу кои се и безбедносните гаранции. Како судии ние сме свесни дека поради функцијата што ја извршуваме сме цел на напади. За жал не можам да кажам кој е најефикасниот начин за заштита на судиите но за среќа до сега немало некој напад со фатални последици“, вели Саити.

Здружението на судии остро реагираше и во нападите на велешките судии кога во 2014 година во три последователни случаи беа опожарени автомобилите на тројца судии од Основниот суд Велес.

И јавните обвинители се мета на напади

Во март 2016 година Јавен обвинител од Тетово беше нападнат во судница, по објавувањето на пресудата против обвинет од Скопје. Роднина на осудениот му пришла на обвинителот и со двете раце го фатила во пределот на реверот на палтото и почнала да го влече, заканувајќи му се дека ќе си има работа со неа.

Непријатности поради функцијата имаше и охридскиот обвинител Никола Довлев а обвинителката Гордана Гешковска долги години беше во постојана придружба од полициско обезбедување. Заштитата и’ беше доделена откако почна да работи на случајот „Монструм“.

„Не се плашам. Јавна тајна е и дека имам обезбедување. Но, и без тоа се чувствувам безбедно. Работам според законот и немаше да се занимавам со оваа работа ако се плашев“, изјави тогаш Гешковска за „Дојче веле“.

Нема решени случаи на напади врз судии и јавни обвинители

Официјални податоци за решени случаи на напади врз судии и јавни обвинители нема. Она што се знае е дека еден месец по уништувањето на возилото на судијката Белеска Пројкоска, охридската полиција притвори едно лице под сомнение дека ги оштетило возилата на судијката. На притворениот му беше одреден притвор од 30 дена.

НОВА ТВ испрати прашања до СВР Охрид до каде се истрагите за нападите врз охридската судијка, но одговор не добивме. Во охридскиот Основен суд денеска цел ден никој не одговори на нашите повици.

Одговор до каде се истрагите за палењето на автомобилите на тројцата велешки судии побаравме и од портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска. Телефонскиот број оставен на официјалната веб страница на МВР е погрешен.

Одговор очекуваме и од централа на МВР каде што испративме прашања за тоа колку судии и обвинители се нападнати во последната година и што презема МВР за расчистување на нападите.

Во член 56 од Законот за судовите каде што се пропишани посебни права на судијата во вршењето на судиската функција се вели дека судијата има право на посебна заштита на неговата личност, на семејството и имотот, по негово барање или по барање на претседателот на судот до полицијата во местото на живеење, секогаш кога за тоа постојат сериозни причини за неговата безбедност.

кацарска напад врз судии панлевски Пројкоска Џемали Саити
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.