Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никакво влијание немаат забелешките на Димовски и на Дулиќ

0
By Нова ТВ on August 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 29, 2013 14:54


Заменик- претседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска вели владејачката ВМРО-ДПМНЕ бега од, како што ја нарече, болната вистина според која извештајот на анкетната комисија заклучува дека власта го прекршила Уставот на Македонија во поглед на настаните од 24 декември. Во продолжение интергралниот текст од прес-конференцијата на СДСМ:

„Болната вистина од која ВМРО-ДПМНЕ бега е дека во официјален и полноважен документ е нотирано бруталното исфрлање на новинарите и пратениците од опозицијата од Собранието на црниот понеделник, и дека власта го прекрши највисокиот акт на државата – Уставот на Република Македонија.

Знаевме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да сака да се соочи со вистината. Доказ за тоа беше предлагањето на Илија Димовски и Благородна Дулиќ за членови на Комисијата. Лица кои директно учествуваа и уживаа, без око да им трепне, кога полицијата кршејќи го уставот, ги тепаше, влечеше и исфрлаше од собраниската сала нивните колеги – пратениците од опозицијата, како и новинарите од галеријата.

Уште еднаш потенцираме. Извештајот за 24-ти Декември е едногласно усвоен и потпишан од сите членови на комисијата. Ставањето на забелешка при потпишувањето на Извештајот од страна на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата, по неговото едногласно усвојување, нема никакво влијание на полноважноста на Извештајот, ни политички, ни правно.

Груевски треба да и објасни на јавноста зошто овој изум со ставање на забелешки после потпис на договори не го употребува на пр. при потпишување на договорите за задолжување на државата. Зошто после неговиот потпис не напише фуснота која ќе гласи „без согласност на граѓаните на Република Македонија“, па граѓаните да немаат обврски да ги враќаат огромните кредити и долгови.

Ноторна глупост е обидот на власта аргументација за оградување од договорот да бара во Виенската Конвенција. Виенската конвенција се однесува на меѓународни договори кои се применуваат во односи меѓу држави. Споредбено, тоа е како да се обидете меѓународни правила за прекуокеанска пловидба да ги примените за возење кајче во Охрид.

Конфузијата на ВМРО-ДПМНЕ станува комична. За Груевски Извештајот е невалиден, Димовски тврди дека се потпишал на тоалетна хартија,а министерот за надворешни работи Поповски го поздравува извештајот и го истакнува неговото значење за европската перспектива на Македонија. Од иста влада и од иста партија ли се овие луѓе?

Очигледно, власта има два става. За домашна и за меѓународна употреба. Доколку премиерот е толку бескомпромисен, цврст и решителен дека Извештајот е невалиден, зошто истото што го тврди за македонската јавност, дека не ги признава правните квалификации на Извештајот, не им го соопшти и на авторитетите во Брисел? Штефан Филе конкретно прецизираше дека го поздравува финалниот Извештај усвоен со консензус. Зошто Груевски јасно и прецизно не му соопшти на Филе дека Извештајот, потврден од меѓународни експерти, го смета за безначајно парче хартија? Дека ЕУ комесарот Филе грешно тврди дека „извештајот е усвоен со КОНСЕНЗУС, поддржан од СИТЕ членови на Комисијата„? И потоа да побара позитивен извештај на Европската Комисија за Македонија.

>> Филе: Го поздравуваме извештајот на Комисијата усвоен со консензус

Очајни се напорите на власта пред домашната јавност да прикаже цврстина и непопустливост. Вождот е гол, а неговите партиски извршители во тотална конфузија.

СДСМ непоколебливо ќе инсистира на доследно исполнување на сите обврски што произлегуваат од Извештајот, усвоен со консензус и испратен како таков. Ова е единствениот начин за враќање на европските вредности во Република Македонија.

Денес, кога извештајот влегува во Собранието, бараме веднаш да се почне со неговото спроведување. Прв и најважен чекор што Трајко Велјановски може да го направи во спроведувањето на извештајот е да си поднесе оставка, бидејќи во полноважен и релевантен документ, е констатирано дека токму тој, во неколку наврати го прекршил Уставот, Законот на Собранието и Деловникот“, изјави Шеќеринска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.