Никој од Македонија досега не се жалел пред Европскиот суд за човекови права на пресуда за клевета и навреда, објавува Телма ТВ.
„Тоа е и причината што немаме јасна претстава колку македонските судови носат правични пресуди за вакви дела“, вели директорот на Бирото за застапување на Македонија пред овој суд, Костадин Богданов.
Сите досегашни пресуди на овој суд се против западните држави, меѓу кои и Велика Британија и Германија, кои важат за најдемократски во оваа сфера.
Седумдесет од пресудите на Европскиот суд се преведени во збирка која ќе им биде поделена на сите судови и судии за да им служи како пример кога постапуваат по предмети за слобода на изразување.
Ова е вторпат Академијата да преведе пресуди на Европскиот суд. Заедно со сегашните, судиите можат да учат од 270 примери од европското законодавство.




