Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Димитров: Кога МВР ќе стане штаб на партијата се укинува државата

0
By Нова ТВ on March 8, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 8, 2015 14:33

Поранешниот преговорач за името Никола Димитров во својот фејсбук-напис насловен „Ново сонце на слободата“ им се обраќа на граѓаните заедно да го вратат ВМРО.

– ВМРО е преголем симбол за Македонија за да дозволиме да се претвори во срам за државата. Сите ние, граѓаните на Република Македонија сме ВМРО, во смисла на таа традиција. Јас, како и Владимир Лазаревик и Перо Димшоски, сме извршувале високи државни функции благодарение на довербата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа чувствувам одговорност и нема да молчам во ова време невреме, кога државните институции се узурпирани, а македонската демократија крајно понижена. Кога нема ден без изјава од меѓународната заедница за загриженоста поради назадувањето на Македонија. Нема да дозволиме ВМРО, врз која заедно со АСНОМ почиваат темелите на Република Македонија, да биде историски делегитимирано, поради група луѓе кои го изгубиле политичкиот компас. Луѓе кои знаат каде е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ама заборавиле кои се идеалите и вредностите на ВМРО. Јас не сум чест гостин во штабот, ама знам дека кога МВР ќе стане штаб на партијата, се укинува државата, напишал Димитров на својот фејсбук-профил.

Тој заедно со поранешниот заменик-министер за здравство во првата влада на Груевски, Владимир Лазаревик и со поранешниот втор човек во Секретаријатот за европски прашања, Перо Димшовски ги повикуваат сите граѓани:

– да им ја вратиме ВМРО на граѓаните, на сите граѓани;

– да ја посочиме и да инсистираме на политичка одговорност, лична политичка одговорност;

– конечно да изградиме силни институции, и да застанеме заедно против “силни” лидери;

– да се заложиме за враќање на политичкиот дијалог во парламентот; покрај враќањето на опозицијата, тука посебна историска одговорност ќе има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ;

– да се вратиме на темелните вредности на Уставот и враќање на институциите во рацете на граѓаните;

– да се обединиме околу систем што ќе им даде еднаква шанса на сите, независно од која партија се;

– за враќање на довербата, на човечкото достоинство и на перспективата во татковината;

– за целосен пораз на стравот, за целосно искоренување на криминалот;

– за пречистување на политичката мисла;

– за целосна слобода на медиумите и за безрезервна поддршка на критичната мисла;

– за целосен пораз на глупоста.

Го повикуваме членовите, симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Димитров, да исправат глава и да се одважат да кажат не.

– Товарот на сегашното раководство и одговорноста за нивните постапки, мора да го сноси сегашното раководство. Ние сме должни да го преземеме нанесениот срам врз државата и врз партијата и да разговараме со опозицијата со чиста совест, смета ексамбасадорот на државава во Хаг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.