Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Никола Димитров: На соседите не сакаме да им праќаме иритантни пораки

0
By Нова ТВ on July 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 4, 2017 18:09

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави денес дека со новата Влада се отвора ново поглавие во надворешната политика на земјата и ја повика опозицијата на соработка.

Министерот зборуваше денес во  Комисијата за надворешна политика на Собранието.

Тој рече дека работи на остварување на стратешките цели – членството во НАТО и ЕУ и градењето на добрососедските односи.

“Побаравме поддршка од соседите кои веќе се членки на НАТО и ЕУ. Но, нашата цел е да настапиме пријателски и отворено наместо од позиција на комплекс и страв. Пред нас се отвора еден прозорец на предизвици. Ќе биде добро сите заедно да се заложиме и да ги отвориме тие пукнатини кои се подотворени и да поминеме низ нив. Затоа и апелирав кај нашиот сосед во Атина да размисли каков сосед сака да има. Затоа и ја побаравме нивната поддршка, а паралелно со тоа ќе ги градиме тие мерки на доверба“, рече Димитров.

Пратеникот Никола Попоски и поранешен министер за надворешни го праша Димитров на што го темели ставот дека Грција преку ноќ ќе го смени ставот и ќе се согласи Македонија да влезе во НАТО под референцата а се интересираше и за договорот со Бугарија за кој, според Попоски, Владата не работи транспарентно.

„Доколку Грција сакала, тоа ќе го направела и порано и зошто би ги сменила своите позиции со смена на власта. Во однос на средбата во Софија, не бевте доволно транспарентен и барам да дадете целосна информација за тоа што договорил премиерот Заев по неговата изјава дека договорот за добрососедски односи е испеглан во најголем дел и дека останува мал ‘детал’, кој требало да го договорат министрите за надворешни работи на кафе-муабет. Кој е тој мал детал?”, праша Попоски.

Министерот Димитров рече дека во односите со Грција веќе подолго време се праќале иритантни пораки, а во однос на бугарското прашање повтори дека кога договорот ќе биде подготвен ќе биде ставен на маса пред пратениците.

“Подолго време се праќаат иритантни пораки кон нашиот јужен сосед. Како што е на пример фотографијата со знамето од Куклеш, потоа имињата на одредени институции и долгото зборување за процес на антиквизација. Ние сакаме тие пречки да ги надминеме. Не сакаме да праќаме вакви пораки. Во однос на прашањето со Бугарија, можам да кажам дека има разлика помеѓу политичкиот и дипломатскиот израз. Она што е важно е дека деталите во однос на договорот нема да бидат сокриени, ќе бидат ставени на маса, ќе биде отворена дебата и тоа прашање ќе биде затворено со консенсензус“, рече Димитров.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека “има многу граѓани кои преку нас сакаат да ве прашаат вас и Заев дали потпишувањето на тој договор ќе значи дека Илинденското востание е македонско, дали тоа ќе значи дека Илинденското востание е бугарско и дали тоа ќе значи дека Илинденското востание е заедничко и македонско и бугарско”, праша Димовски.

Тој побара посебна седница на Комисијата за надворешна политика за да се разгледаа нацрт-текстот на договорот за добрососедство пред тој да биде склучен. На ова пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев рече дека ќе одговорат откако ќе се координираат во партијата.

На денешната седница пратениците зборуваат и за сопрената постапка на именувањето на Александар Николоски за амбасадор на Македонија во Брисел.

Според министерот Димитров, во случајот не е во прашање капацитетот и личноста на Николоски, туку неговата политичка припадност и блискоста до највиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.