Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на 16 и 17 декември 2013 година ќе оствари официјална посета на Индија.
Во рамки на посетата, министерот Попоски ќе оствари средби со високи претставници на индиската Влада. Предвидени се средби со министерот за надворешни работи Салман Куршид, државниот министер за надворешни работи, г-ѓа Пренит Кор, како и министерот за трговија и индустрија, Ананд Шарма.
Воедно, министерот Попоски ќе ги презентира нашите економски капацитети и поволности за инвестиции и водење бизнис пред една од двете најголеми стопански комори на Индија.
Оваа посета на министерот Никола Попоски претставува уште една можност за унапредување на политичкиот билатерален дијалог, како и натамошно продлабочување на соработката помеѓу Република Македонија и Индија во сите области од заемен интерес.




