Пратениците на денешната 77. седница го избраа Никола Рилковски за претседател на Државната изборна комисија, а Вангелина Маркудова за судија во Уставниот суд на Република Македонија. Маркудова доаѓа од одделот за организиран криминал во Основниот суд 1 -Скопје.
Усвоени се и владините предлози за донесување по скратена постапка на предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за изменување на Законот за исплата на плати во Република Македонија, за изменување на Законот за патни и други надоместоци на избрани и именувани лица, како и измените на Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, измени и дополнувања на Законот за платниот промет, на Законот за извршување санкции, на Законот за радиодифузна дејност.
Усвоен е и предлогот за донесување по кратена постапка за Предлог-законот за задолжување на АД МЕПСО со заем кај Европската банка за обнова и развој по договор за заем, ревитализаицја и модернизација на преносната мрежа и управување со електроенергетскиот систем без државна гаранција.




