Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за отпочнување со реализација на проектот: Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, Општина Штип, при што даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2021, 2022 и 2023 година на Министерството за транспорт и врски, за Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“, Општина Штип, во вкупна вредност од 460 милиони денари со ДДВ.
Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси на социјалните мрежи ја поздрави одлуката која е во интерес на државата и како што вели „Македонскиот исток и граѓаните го заслужуваат тоа“.