Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски – Бесими : Нулта толерација за корупцијата и сивата економија

0
By Нова ТВ on April 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 16, 2021 13:49

Сивата економија ја поткопува конкурентноста на фирмите и поединците и претставува неправична и незаконска „предност” на оние кои не ги исполнуваат законските обврски, истакнал министерот за финансии Фатмир Бесими, кој заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски разговараа со претставници на бизнис секторот за мерките од Акцискиот план за сузбивање на сивата економија и на планот за сузбивање на корупцијата „Акција 21“.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими оценил дека сивата економија го нарушува интегритетот на целиот даночен систем и влијае штетно врз буџетот и наплатата на приходите. Токму затоа целта на Акцискиот план на Министерството за финансии е во насока на зајакнување на механизмите за сузбивање на сивата економија.

– Усвојувањето на овој акциски план е резултат на заложбата на државата да ја намали сивата економија, имајќи во предвид дека нема земја каде што сивата економија, како феномен, не постои. Одговорност е на државата да ја подобрува правната и економска околина во која најлесен и нај исплатлив начин за развој на бизнисите е легалното работење, водејќи се по принципите на рамноправност, објективност и транспарентност, преку обезбедување на јасни прописи и правила лесни за следење и почитување, како и обезбедување на санкции за оние кои не ги применуваат и почитуваат, истакнал Бесими.

Акциониот план на Министерството за финансии содржи шест приоритети – унапредување на процесот на следење и детектирање на сивата економија, ефикасни инспекциски служби, подобро деловно опкружување за основање и раст на компаниите, јакнење на свеста за сивата економија, адресирање на сивата економија во е-трговијата и мерки на Царинската управа во борбата против неформалната економија. Со спроведување на мерките и активностите се очекува намалување на сивата економија на среден рок за околу пет процентни поени, која сега се проценува на околу 37 проценти од БДП согласно индикаторите на Меѓународниот монетарен фонд.

Според вицепремиерот Николовски, корупцијата предизвикува несакани последици кои го нарушуваат доброто менаџирање и управување со бизнисите и затоа е важно да се обезбедат услови кои ќе овозможат напредок на бизнисот.

– Корупцијата како општествено лоша појава предизвикува несакани последици кои го нарушуваат доброто менаџирање и управување со бизнисите. Од исклучителна важност е да обезбедиме услови преку системски решенија и закони кои ќе овозможат напредок на бизнисот, кои ќе придонесат за отворање на нови претпријатија, ќе ја зголемуваат трговијата и извозот и кои ќе овозможат отворање на поголем број на работни места за младите генерации кои се нашата иднина, нагласил Николовски.

Од бизнис-заедницата е посочено дека делувањето во насока на решавање на сивата економија и корупцијата е неопходно за градењето на здрав економски систем кој ќе продуцира додадена вредност и економски раст.

На дискусијата, покрај министрите, присуствувале и директорите на Управата за јавни приходи, Царинска управа, Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и Девизниот инспекторат, а од бизнис заедницата присутни биле претставници од Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Комората на Северозападна Македонија, Советот на странски инвеститори, Асоцијацијата на компании со технолошко напредно искуство, Делегацијата на германското стопанство, Американската стопанска комора, МАСИТ, МАТТО и Асоцијацијата за е-трговија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.