Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Државниот ревизор го потврди криминалот во земјоделието

0
By Нова ТВ on June 5, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 5, 2016 15:18

Државниот ревизор во Извештај на 65 страни,ја констатира  целокупната погрешна, криминална политика во земјоделието, посочи на денешната прес-конференција Љупчо Николовски – член на Извршен одбор на СДСМ.

Тој вели дека во делот на управувањето со земјоделското земјиште ревизорите констатирале дека иако постои изработен софтвер не се води ажуриран земјишен регистар. Нема соодветното следење на наплатата за закуп на земјиште и не се евидентирани значаен дел од склучените договори за закуп на земјоделско земјиште.

„Дел од избраните  понудувачи не доставиле банкарски гаранции додека не се обезбедени условите за користење на веб апликацијата за електронско јавно надавање.Се констатира дека на огласите се бараат документи кои не се наведени во закон и документи коишто треба државата да ги обезбеди по службена должност без дополнителни оптеретувања на апликантите.

Сето ова отвора простор за злоупотреби, што ги покажавме кога бевме во МЗШВ. Се доделувала земја на блиски до фамилијата додека вистинските земјоделци се оставени без земјиште. Токму во делот на доделување на земјоделското земјиште ревизијата констатира дека на јавен оглас се објавуваат површини под вода, спортски игралишта и веќе изградени објекти додека одредени површини неможе да се стават во владение поради тоа што противправно се обработуваат од други лица а за тоа не се врши инспекциски надзор“ вели Николовски.

Тој посочи дека дел од Извшетајот било и тоа што и покрај исполнетите услови не секогаш договорите за закуп се раскинуваат. Земјоделското земјиште од раскинатите договори не секогаш се објавува како слободно што за ревизорите упатува на противправно користење на земјиштето.

„За тоа колку е алармантна целата состојба, говори и фактот што ревизорите напишале дека се сомневаат во наменското, ефикасно и легално користење на земјоделското земјиште во државна сопственост.За следењето и наплатата на закупнината ревизорите пишуваат дека не постои унифицирана евиденција во секоја подрачна единица на министерството, не е воспоставен единствен електронски систем за следење и контрола на наплатата.

Од МЗШВ до ревизорите не доставиле ажурирани податоци за бројот на должниците како и за активните, раскинати и истечени договори односно целосни податоци за тужените закупци.На ревизорите не им биле презентирани ниту податоци за тоа дали министерството на сите должници им доставувало опомена за подмирување на обврските.

Тоа покажува дека МЗШВ се обидува да го прикрие криминалот што е правен.Ревизорите забележуваат и дека побарувањата по основ на закуп на земјоделско земјишпте во државна сопственост сметководствено не се евидентираат во ниту еден надлежен орган. Токму поради сите овие забелешки ревизорите се загрижени дека се остава можност земјоделското земјиште да се користи без да се плаќа закупнина на штета на Буџетот.

Тоа ние го потврдивме во повеќе случаи за коишто веќе се поднесени кривични пријави. Ваквиот хаос го признал и министерот Михаил Цветков, во одговорот до ревизорите. Институционалната потврда на погрешните, криминални политики во МЗШВ се доказ зошто законите мора да важат за сите подеднакво.Затоа, криминалната аболиција на Ѓорге Иванов мора веднаш да се поништи во целост.Секој што го прекршил законот да одговара.“ рече Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.