Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Ги отстрануваме слабостите воведуваме ред и дисциплина во постапувањето на институциите

0
By Нова ТВ on November 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 27, 2020 15:48

Вицепремиерот за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски вели дека веќе се преземени активности за поврзување на институциите, детектирани се сите слабости и со акцискиот план на неговиот кабинет ќе се стартува со реализација за нивно отстранување за, како што истакнува, да има ред и дисциплина во постапувањето во институциите на системот и да ја вратиме довербата кај граѓаните.

Коментирајќи кога ќе има резултати од работата во негова надлежност и функција што беше воведена првпат, рече дека се направени многу чекори и најави дека по истекот на првите 100 дена од работата на новата Влада ќе реферира што се е преземено досега врз основа на надлежностите што ги доби со мандатното писмо од премиерот.

-Верувам дека граѓаните ќе ја препознаат нашата чесност, одговорност, храброст и решителност еднаш како генерација да ги реорганизираме институциите, концептот на размислување, законот да важи за сите и да постои ред. Таа работи не е лесна и не се прави за неколку дена. Затоа ни треба многу трепние и многу работа и посветеност, изјави Николовски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со инсоекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Имаме, појасни, мал ефикасен тим, не станува збор за побна институција и посебно министерство, заради тоа што намерата на Владата е да го намалува бројот на министерствата и на институциите. Наша и моја интенција е да создадеме мал и стручен ефикасен тим којшто ќе работи на новото портфолио што до сега не е развиено на ниво на Влада, а чија што улога ќе биде координација на институциите во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Токму тоа и го работиме.

-Покрај интенивната комуникација со сите наши меѓународни партнери на коишто веќе ги испорачавме нашите потреби заради јакнење на капацитетот на самиот кабинет, заради конкретни превентивни активности, кампањи, поддршка во промена на законска регулатива и на процеси што ќе ги почнеме за што сум искрено многу благодаре , почнавме со силна координација на институциите каде што е очигледно дека во претходниот период е недоволна поврзаноста интероперабилноста за да испорачаат видливи резулти кои ги очекуваат граѓаните, рече Николовски.

Тоа, оцени, е резултат на многу години децении тапкање во место, на неносење храбри одлуки и чекори, а оваа генерација на политичари во која што сум дел носи храбри одлуки, чекориме силно напред, работиме на работи и на реорганизирање на институции за кои не било посветено внимание долг временски период за да навистина се елиминираат сите негативности и појави на коишто сме ги навикнале и граѓаните,.

Според него, процесот што претстои нема да биде лесен, но, вели, подготвени сме се да го одиме тој пат за да испорачаат резултати.

Затоа, потенцираше, тимот работи на целокупната поврзаност, интероперабилноста,на што ќе се фокусираме, сите институции треба да бидат целосно поврзани, да имаат целосен пристап до сите информации,документи и материјали што се потребни за која било институција, да го скратиме времето, да немаме процеси во коишто најголем дел од времето за да се заврши еден предмет и постапка е во чекање на документи од друга институција, наведе Николовски.

Според него, детектирани се сите слабости и со акцискиот план на неговиот кабинет ќе се стартува со реализација за отстранување на сите слабости за да има ред и дисциплина во постапувањето во институциите на системот односно да ја вратиме довербата кај граѓаните.

-Токму на тоа сме фокусирани и веќе се преземени многу чекори за промена на уредби , правилници што веќе се донесени на Влада, веќе е внесена антикорупциската клаузула во Бирото за јавни набавки. Направени се и многу други чекори, но дозволете да поминат 100 дена од Владата и со задоволство ќе презентираме што е она што сме го затекнале и што сме го направиле на самиот почеток во воспоставувањето на нешто што до сега не постоело – една координативна улога, а не нова институција или не нов паралелен систем. Наша одговорност е да помогнеме на самото вмрежување на институциите коишто треба да работат неселективно и да дадат резултати, нагласи Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.