Во новиот состав на владата за првпат е промоворирана функцијата вицепремиер задолжен за борба против корупцијата. НОВА се обрати до Љупчо Николовски на кој му беше доверена оваа функција со прашање за приоритетите на неговиот мандат.
“Нема една единствена работа или акција која веднаш ќе ја врати довербата во државата и институциите.
Корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и институциите. Јас лично ќе инсистирам на зголемена транспарентност на сите нивоа, ќе се обидам да наметнам намалување на дискреционите права на функционерите и да реагирам на сите сомнежи околу злоупотреба на позиција или моќ. Но, да сме свесни дека редот не зависи само од полицијата или судството. Во голема мера сето ова тргнува од секој од нас. Почитувањето на правилата го има и во парк, во маркет, на работа, во бучавата и чистотата… Тука ќе има и директна соработка со инспекторатите во насока на зголемување ефикасност.
Предолго е одомаќинето оправдувањето „не е до мене/што можам јас тука“. Многу често граѓаните имаат проблем, а добиваат само оправдување дека друг е надлежен, дека друга институција не постапила и сл. Превентивата е половина борба против корупцијата, мораме тука да покажеме напредок.
Јасно ми е дека на граѓаните им е преку глава од игнорирањето на овие проблеми, но оваа Влада по остварените успеси на меѓународна сцена, следниот мандат ќе го помине воглавно свртена навнатре, решавајќи ги токму ваквите со децении наталожени проблеми. Успесите ќе дојдат и тоа ќе не обедини, но успесите ќе дојдат и само ако сме обединети, едното без друго не оди. Повикувам на заедништво, повикувам на соработка. Знам дека можеме да ги оствариме високите цели кои ги имаме поставено” изјави Николовски за НОВА.