Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека поднесува нова кривична пријава против министерот Михаил Цветков за злоупотреба на службената положба и овластување, за како што рече,
скандалот со доделување на тендер од страна на Министерството од половина милион евра, на фирмата „Силекс Неметали“ во сопственост на „Силекс АД Кратово“.
– Кога „Силекс неметали“ го добива тендерот од Министерството и кога се исплатени близу половина милион евра преку Платежната агенција, Михаил Цветков во исто време е министер за земјоделство и член Управниот одбор на „Силекс АД Кратово“. Ова е скандал од огромни размери, класичен судир на интереси, злоупотреба на државни институции и злоупотреба на парите на граѓаните за бизнис интересите на фамилијата.
Според Николовски, додека земјоделците мака мачеле со поплавите ширум Македонија нивните пари се злоупотребувале за јакнење на медиумскиот мрак.
– Ова е класичен пример за корупција на медиумите којшто покажува дека е неопходна регулација на медиумите, рече тој.




