Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна

0
By Соња Крамарска on March 15, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нашата цел е да креираме 2000 нови мали производители на храна, коишто ќе ги искористат поволностите од 2019 година да може да се регистрираат и да продаваат традиционални локални производи, да продаваат од праг и од фарма и да добијат грантови, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„2023 е година на нов модел на субвенционирања во земјоделството, година на нови програми и година на нови можности во земјоделството, особено за она што ние го работиме, а тоа е како да го задржиме, одржиме и зголемиме домашното производство во земјоделството. Успехот во програмата за мали винарии, успехот на програмата за школски шеми минатата година беше поттик да креираме оваа година и програма за мали дестилерии со програмата од 5000 евра и програма за мали производители на храна која што ќе биде презентирана денеска и која што ги таргетира младите, жените и малите производители во рурални средини. Оние коишто произведуваат македонски производи од животинско и неживотинско потекло се со цел првпат да добијат грант од 10.000 евра за развој, зголемување на производството, брендирање на производите и клучно остварување на нашата цел, а тоа е создавање и креирање на што повеќе финални производи кои ќе се продаваат од праг и од фарма“, рече Николовски презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци.

Тој информира дека Министерството во следните два месеци, на средби со земјоделците не терен ќе ги промовира новите модели, можности, грантови и мерки во земјоделството. Нашата цел, рече Николовски, е да се потпреме на малите производители и да ги рашириме овие успеси од постоечките програми и во новите програми и мерки коишто ги презентираме.

„Клучно во оваа 2023-та е да се фокусираме на најголемите можности коишто ни ги дава ИПАРД 3 Програмата за која што сме лидери во регионот, пример во регионот како треба да се искористат европските средства, да се вградат во македонското земјоделство и во следните години да ги дадат шансите, можностите, резултатите и успесите за зголемување на домашното производство и модернизација на македонскиот аграр“, рече Николовски.

домашно производство на храна Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.