Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

0
By Zoran Ivanov on November 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24,  изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев. Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство  Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на  директорот на Платежната агенција.

Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министар, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор – тоа  е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува, рече Николовски.

Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана, за што како што кажа Николовски постојано алармирал.

И од собраниската говорница укажува дека има политичка тортура, дека има партизација во Платежната агенцијата, дека нема комуникација со Брисел,  дека директорот не оди на важните состаноци, дека се чуваат предмети во фиока, дека има неажурност. Скандалот со ИПАРД е пред се личен, заради тоа што директорот на Платежната агенцијата е фатен во овој мегакорупциски скандал, рече Николовски.

Во интервјуто, Николовски посочи дека скандалот со ИПАРД со кој под суспензија се 130 милиони евра – пари кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните  инвестиции, е дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа година и пол нема ниту една реформа, ниту нова мерка за овој сектор.

Трипуновски нема да остане запаметен по ниту една реформа, туку  по безидејноста, по неспособноста, по ниту една мерка. Бевме прогласени за лидери  во делот на искористеност на европските фондови, и уште повеќе најдобри споредено со сите земји кои што ги користат овие средства, за да сега, за жал, се вратиме повторно назад и да ни се случи суспендирање на ИПАРД програмата, рече Николовски.

 

ипард Љупчо Николовски ТВ трипуновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025 –

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.