Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска на прес-конференција ги најави своите приоритети во работата во четиригодишниот мандат.
Николовски најави градење на системска алатка која ќе ги следи парите и капиталот кај избраните и именуваните функционери, а ќе следува и редефинирање на Кодексот за етичко однесување на функционерите во Владата.
– Тој ќе стане поприменлив, согласно компаративните искуства во светот, и во него ќе важи максимата Нулта толеранција за корупција, порача вицепремиерот Николовски: Има уште простор за кратење на привилегиите на функционерите, принципот на отчетност ќе продолжи и на локално ниво
Принципите на целосна отчетност и транспарентност која ги постави претходниот состав на Вадата ќе продолжат и во новиот мандат, но тоа ќе се прошири и на локално ниво, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
– Еден од столбовите во програмата е кратење на бенефициите и привилегиите на функционерите. Секој од нас е дојден овде да работи за плата и да сработи најдобро што може за граѓаните. Како што јас сум можел да не користам службена картичка како дополнителен заменик министер и како министер и ништо да не ми фали, можеме со секој еден функционер од централно и од локално ниво да го менуваме сето она што ни следува. Може да се скратат многу трошоци, бенефиции и привилегии, но ќе притиснеме да имаме целосна транспарентност и отворени податоци и на локално ниво, рече Николовски.