Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: За 15,8% е зголемен извозот на македонски производи на рускиот пазар

0
By Ivana on June 4, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, како ко-претседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, во рамки на официјалната посета на Економскиот форум во Санкт Петербург, Русија одржа работна средба со заменик-министерот за земјоделство на Русија, Сергеј Левин.

На средбата Николовски и Левин, ја потврдија досегашната успешна трговска размена. Oбемот на трговијата меѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација во 2020 година изнесуваше 190,3 милиони американски долари, што е повеќе за 6,2% во споредба со 2019 година. Во исто време, извозот на Република Северна Македонија во 2020 година достигна 60,4 милиони американски долари, што е пораст за 15,8 %. Во првите три месеци од 2021 година, извозот на македонските производи изнесува 17, 4милиони американски долари, што е пораст од 66,7%, а увозот изнесува 33,5 милиони американски долари што е намалување од 37.1% во споредба со истиот период од 2020.

„Она што е значајно е зголемувањето на извозот на македонските земјоделски производи во 2020 година во споредба со 2019 година. Имаме раст од 11% на извозот на земјоделските производи и вкупен раст на извозот на македонски производи од 15,8% и тоа е во време светска пандемија. Тоа е доказ дека треба да ги интензивираме нашите економски соработки и да го искористиме целокупниот простор којшто ни стои на располагање. Договоривме бизнис мисија на клучните руски компании во делот на земјоделството, коишто ќе дојдат во Северна Македонија годинава и ќе ги вмрежиме со македонските компании, со цел зголемување на трговската размена“, изјави вицепремиерот Николовски.

Воедно, вицепремиерот Николовски во текот на присусутвото во Санкт Петербург, имаше средба и со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Северна Македонија и Руската Федерација, Алексеј Груздев. На средбата се разговараше за инвестиции во различни сектори, како во откупно-преработувачки центри, како за потенцијални инвестиции на руските компании во делот на обновливи извори на енергија и во делот на енергетиката.

„Разговаравме и за инвестиции во делот на инфраструктурата, продлабочување на соработката во областа на културата, образованието и туризмот. Продолжуваме со заеднички напори, да ја зголемиме оваа соработка и да постигнеме резултати коишто ќе бидат видливи за граѓаните на овие две земји“, изјави вицепремиерот Николовски.

Инаку, вицепремиерот Николовски, ја предводеше владината делегација на официјалната посета на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Русија. Во состав на делегацијата од Северна Македонија учествува и извршениот директор на македонско-руската Стопанска комора, Дејан Бешлиев. Економскиот форум во Санкт Петербург е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Деловната програма на годинешниот Меѓународен економски форум, се фокусираше на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

На маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, вицепремиерот Николовски, оствари средба со министерот за економија на Република Словенија, Здравко Почивалсек, на којашто беа потврдени заедничките заложби за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Љупчо Николовски Македонија Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.