Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мора да се постапува по ревизорските извешати кои ги откриваат системските слабости

0
By Нова ТВ on October 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 14, 2020 22:56

Ревизорските извештаи со години наназад ги посочуваат сите слабости на системот но за жал никогаш не добиле шанса да се постапи по нивните препораки за надминување на системските слабости.

Не се сеќавам и не најдов податок дека досега некој функционер е разрешен врз база на ревизорски извештај од Државниот завод за ревизија, а ако отворите некој од нив ќе видите дека не се имплементирани ниту препораките, она што им е обврска на раководните структури во рок од три, шест месеци да го направат, рече вицепремиерот Љупчо Николовски додавајќи дека добил одлични идеи за својата работа од претседателот на државната комисија за спречување на корупција, како и од главниот државен ревизор.
Ги гледаме и ги констатираме сите слабости во системот, неповрзаноста, некоординираноста, рече Николовски, додавајќи дека како вицепремер тука лично ќе биде од помош, но не да формира паралелен систем.
Николовски истакна дека автономноста на институциите од извршната власт, но и цврстите регулаторни тела треба да се јакнат и ќе ја добијат целокупната поддршка да работат на чесен и одговорен начин со многу храброст и енергија, сите заедно, од сите политички структури.
Ова е генерација што сака да остави белег, да промениме нешто во општетството, многу работи треба да промениме, но нема да бегам, правиме се за да ги промениме навиките низ целиот систем кој што треба да го воспоставиме, порача вицепремиерот за борба против корупцијата, криминалот, одржлив развој и човечки ресурси,  Љупчо Николовски.

Не може да очекуваме веројатно и никој не очекува дека за една ноќ или за еден ден ќе се решат одредени работи.

Мене ми е многу драго пред се заради што јавноста реагира, ако ова беше едно општество кое што беше целосно затворено, поклопено, Антикорупциска комисија окупирана, Граѓанско општество исто така потплатено, медиуми поткупени, ние живеевме и се боревме против такво општество. И ако сакаме да си го доведеме во ред не треба да не чудат никакви работи, никакви скандали или како да ги нарекуваме.

Нормално кога тоа општество ќе се развива ќе се движиме и ние, и малите и ситни работи коишто денеска јавноста реагира, и за часа вода како е испиена во едно Министерство, а за само пред три години се трошеа милиони, стотици милиони за непродуктивни расходи, за трошоци коишто врска немаат со реалниот живот, подобрување на животот на граѓаните, па впрочем имаме стотици активни постапки за разно, разно обвиненија за сериозни финансиски злоупотреби, и нема ништо чудно кога низ трансформацијата низ која што се исправени дека јавноста ќе реагира за било што што е неправедно или е можно незаконито дејство на било кој функционер.

Така да очекуваме институциите целоно да си го одработат случајот, било што што ќе излезе првин треба да е најотворено, најтранспарентно.

Ќе се бориме против корупцијата ако дадеме примери ако буквално се бориме за транспарентноста и отвореноста, изјави за Економски магазин на Алсат – М, заменик на премиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Винарија Душа ги отвори вратите во Волково: Што нуди новиот концепт за вински дегустации?

November 28, 2026

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.