Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Заеднички со регионалните министри се заложивме за одржување на стабилноста за снабдување со храна во регионот

0
By Mirjana on March 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 9, 2022 12:58

Денеска по иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, се одржа он лајн состанок со министрите и претставниците од министерствата за земјоделство на Србија, Албанија, Црна Гора, Република Српска и Косово, на којшто се разговараше за случувањата со војната во Украина и потенцијалните влијанија на тековната геополитика врз земјоделскиот сектор на земјите од регионот, состојбата со одржување на пазарите и снабдување со храна.  

Регионалните министри посочија дека имаат отворена соработка и се заложуваат за одржување на стабилноста за снабдување со храна во регионот. 

„Заеднички заклучок е дека граѓаните на Северна Македонија, како и граѓаните од регионот не треба да бидат загрижени. Потенциравме дека регионалната соработка треба да продолжи и владите да се воздржат од воведувања на унилатерални мерки од било каков вид. Министрите од регионот ја поздравија иницијативата и се согласија дека соработката помеѓу земјите од регионот треба да биде ефикасна и функционална, а граѓаните од сите држави од западен Балкан да бидат сталожени бидејќи заедно работиме да го одржиме стабилно снабдувањето со храна“, изјави министерот Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека во моментов Северна Македонија е снабдена со доволни количини храна. Николовски повика да се одржуваат отворени каналите за комуникација меѓу нашите земји и регионалните министерства за потребите од примарни земјоделски и преработени прехранбени производи и влезни резерви за земјоделско производство, а воедно на регионално ниво да се споделуваат  информации за можните извори за увоз и преземање соодветни активности за задоволување на тие потреби билатерално или мултилатерално.

министри од регионот Николовски министер за земјоделие онлајн состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.