Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Закон за потекло на имот – за никој повеќе да не се збогатува на грбот на граѓаните

0
By Mirjana on August 26, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И додека повеќето актуелни и поранешни функционери останаа само на декларативни заложби за потреба од носење на законска регулатива за конфискација на нелегално стекнат имот изминатите 30 години, според последните најави од Владата ова законско решение веќе е во финална фаза на конципирање и на почетокот на септември влегува во процес на јавна дебата.Точно на оваа тема вечерва, меѓу другото, за тв 21 говореше Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски, кој вели:

– Мило ми е што ние сме нова генерација на политичари без никави дамки и дилеми и сме дел од новото законско решение.За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот“ потенцира Николовски.

Законот ќе важи за сите граѓани а тоа значи и за сите поранешни функционери односно ќе ги опфати сите оние кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра а немаат доказ за неговото потекло. Сето ова ќе биде ставено на проверка. Се очекува законот да делува превентивно односно да ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо лице со акцент на носителите на функција. Нашата судска пракса, според Николовски, детектирала случаи на лица и со пресуди и кривични постаки, кои и по цена да одлежат затворска казна,се нафаќаат потоа да си го вратат нелегално стекнатиот имот.

– Обвнителите посочија дека бараат итна и граѓанска постапка за да се конфискува имотот, поточно веднаш да се приложи сето она што го располагаат фунционерите, а ова во Италија се нарекува закон на мафијата, рече Николовски во гостувањето на тв 21.

Николовски истакна дека очекува поддршка од политичките чинители, со што сите би демонстрирале подготвеност односно би застанале на иста страна во борбата со корупцијата и организираниот криминал.

-Не може да возите кола од 50 илјдаи евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефективни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Законското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во 10 тина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните, децидно порача Николовски.

Ова законско решение како и неодамна донесените одлуки на Владата за преполовување на бројот на членови на управни и надзорни одбори, се дел од планот за борба против корупцијата, потенцира вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски.

– Во политика не се влегува поради привилегии, туку како сервис на граѓаните. Влезени сме во постапка за ограничување на службените трошоци, денеска за тоа има строга процедура и се вклучени 1300 институции, а ќе донесеме и одлука за употребата на службените возилата, да не се користат од дома до работа и обратно, само за службени потреби и секако и паркирањето да биде на точно определени места. Да се докаже зошто се присуствувало на состанокот и кој се бил присутен, едноставно да се направи запсиник, коментира , меѓу другото вицепремиерот Николовски во своето гостување во тв 21.

 

гостување тв21 Закон за потекло на имот Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.