Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов:Ветувањето за обештeтување на стечајците- маркетиншки трик и додворување

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 14:20

Според пратеникот на СДСМ, Маријанчо Николов вчерашната најава за решавање на прашањето на стечајците е предизборен маркетинг и додворување на најзагрозената категорија население.

Тој нагласи дека заедно со пратеничката група на СДСМ пет пати во Собранието предлага Закон за решавање на проблемот со стечајците.

-Зошто сега кога треба да има избори премиерот се сети на стечајните работници? Останува нејасно зошто по пет години одлагање на решавањето на прашањето, премиерот сега се сети на стечајците, откако потроши пет години на градење на споменици, на жални врби, рече Николов.

Кумановското здружение на стечајците УНИТ смета дека ветувањето на премиерот Никола Груевски дека ќе ги обештети стечајните работници е предизборен маркетиншки трик.

Според Љиљана Георгиевска законот ќе опфати само мал дел од ова категорија граѓани.

„Во 2008 година, во некогашниот најголем индустриски град, обештетување добија 11 лица, а сега ниту два отсто од стечајците во Куманово нема да го решат статусот“, вели Георгиевска.

– Не е работата ноншалантно да се излезе пред медиумите и да се каже „ќе обештетиме“. Кого ќе обештетат? Мал, занемарлив број. Еве во Куманово нема да бидат опфатени ниту два отсто од работниците. Со Стојан Стојанов кога беше договорот, беа опфатени само 11 стечајни работници! Тоа докажува дека пак се работи за маркетиншки трик, рече Георгиевска.

До сега испративме 180 барања до владата за социјален дијалог и ете што се случува кога го нема, илјадници луѓе пак ќе бидат изманипулирани и ќе останат на улица.- велат од УНИТ. Најголем дел од овие работници или немаат доволно стаж, а имаат старост или пак фирмата во која работеле станала акционерско друштво.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
ФОКУС
March 16, 2026Updated:March 16, 2026

Нов брз удар по џебот на граѓаните – горивата пак поскапеа

ВЕСТИ March 16, 2026

Значително поскапување на горивата стапува на сила од ноќеска на полноќ, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе…

Молитва за упокоените, гласна тишина и шеесет и три столчиња во Паркот на револуцијата во Кочани

March 16, 2026

Една година од несреќата во Кочани: „2 часот и 32 минути. Во ‘Пулс’. Во тој миг 63 млади срца престанаа да чукаат меѓу нас“

March 16, 2026

Генералниот секретар на ИТУЦ до Мицкоски: Загрижени сме за притисоците врз синдикатите

March 15, 2026
ТИКЕР

Падна Владата во Република Српска

March 16, 2026

Пленковиќ за новото оружје на српската армија: Нешто вакво никогаш не е видено во Европа

March 13, 2026

5.1 по Рихтер ја потресе централна Грција

March 12, 2026

Хорор во Швајцарија, шестмина мртви – во автобус човек се полил со бензин и се самозапалил

March 11, 2026

Земјотрес во Италија почувствуван во неколку европски земји

March 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.