Нил Патрик Харис, еден од главните ликови од популарната серија „Како ја запознав мајка ти”, ќе ја води церемонијата Оскари во февруари следнава година.
Актерот објави кратка снимка на Твитер како зборува на мобилен телефон, а потоа преминува на листата на работи кои планира да ги направи во животот.
Од 20 цели, 19 се веќе направени, а останато е само – „Да се биде домаќин на Оскарите”. Тој заокружи и рече: „Успеав. Страшно “.
Харис инаку, освен неговата улоги во серијата, познат е и како одличен домаќин на награди. Сега ја доби честа да го води доделувањето на наградите на Американската академија за филм.
Доколку Нил Патрик успее да ја добие работата како домаќин на доделувањето Греми награди, тој ќе стане првиот човек во историјата кој успеал да стане домаќин на четирите најпрестижните настани во шоу-бизнисот.