Нимиц во Њујорк на новата средба со преговарачите од Македонија и Грција не успеа да постигне напредок во преговорите за разликите околу името меѓу двете држави.
Имавме отворена средба, но не можам да кажам дека е постигнат договор, изјави Нимиц. Тој нагласи дека не знае кои би биле следните чекори во процесот за решавање на отвореното прашање за спорот околу името.
На состанокот се разговарало за предлог идеите на Нимиц изнесени во април годинава. Се уште има сериозни разлики меѓу двете страни, изјави Нимиц по средбата
Како претставник на Обединетите Нации, Нимиц изјави дека мора да се почитува одлуката на Меѓународниот суд на правдата кој во 2011 година пресуди дека Грција ја прекршила Времената спогодба кога го блокираше македонското членство во НАТО, но додаде дека ЕУ и НАТО носат одлуки согласно своите правила, и на нив е да решат како да постапат.




