Published: Wednesday, September 11, 2013 15:33
Mедијаторот во спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц кој е во официјална посета на Скопје, по средбата со премиерот Никола Груевски изјави дека добил одговор од македонските власти за предлогот којшто тој го даде во април годинава.
Одговор добил и од Атина, каде што Нимиц имаше средба со Венизелос , но решение за спорот, се уште нема.
-Добив коментари од двете страни за пртедлогот од април. Во Атина покренаа две прашања околу предлогот, тука имавме детален разговор и го добив ставот кој е во линија со досегашните позиции. Има уште суштински разлики, немаме решение. Имаме неколку аспекти за решение и треба да продолжиме со разговорите, изјави Нимис по средбата со Груевски.




