Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нинџа: Атанасовски наредил да се уништат хард дисковите од Собранието

0
By Соња Петрушевска on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тогашниот шефот на УБК Владимир Атанасовски дал наредба да се уништат хард дисковите од Собранието, рече во денешното сведочење Александар Василевски Нинџа за настаните од 27 април.

Тој кажа дека бил сведок на телефонски разговор во една база на УБК, меѓу Никола Бошковски, тогашен шеф на тајната полиција со директорот на УБК Атанасовски. Во тој телефонски разговор Бошковски, според тврдењето на Нинџа, го прашува Атанасовски што да прават со хард дисковите што ги одзеле од Собранието, на што тој му рекол: ,,Уништете ги“, рече Нинџа.

По ова Сашо Марковски исто така вработен во УБК, во базата на УБК, ги ставил на преса и ги исекол со ножици. Кога заминале од базата, Василевски бил со Никола Бошковски кој управувал со возилото. во близина на населбата Ќерамидница, Бошковски го паркирал возилото и во Вардар ги фрлил ќесите во кои биле искршените парчиња од хард дисковите. Бошковски му рекол на Василевски дека хард дисковите ги одзел Сашо Марковски и користел хируршки ракавици. Василевски рече дека добивал закани од Горан Грујевски да не се предава.

На почетокот од својата одбрана денеска, Нинџа рече дека бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа. Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

 

27.април Владимир Атанасовски Никола Бошковски Нинџа Сашо Марковски хард дискови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.