Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Нинџа бил тајно вработен во УБК од Горан Грујевски

0
By Соња Петрушевска on December 6, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 6, 2018 11:31

Александар Василевски Нинџа ја почна својата одбрана во судот за крвавиот четврток.

Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

Василевски бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа иако имал завршено само 4 степен средно образование.

Нинџа беше споменат во сведочењето на речиси сите обвинети за учество во насилствата од 27 април. Сепак, најдетално и со најсериозни обвинувања беше сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски пред три дена,обајцата обвинети дека биле дел од толпата.

За него рекоа дека, иако не бил вработен во УБК, сепак дејствувал како тамошен вработен, а располагал и со ресурси од управата, односно имал два блиндирани автомобили, дека ги платил фантомките што им биле делени на насилниците и дека по завршувањето на изборите во 2016 година бил дел од наводно сценариот за напад на зградата на ДИК со молотови коктели.

Во сведочењето на браќата Младеновски како еден од роганизаторите беше споменат и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски, кој пред два дена беше приведен и доби 30 дневен притвор за настаните од 27 април.

27.април Александар Василевски Нинџа сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.