Во домот на аналитичарот Алберт Муслиу биле поставени камери, сведочеше Александар Василевски Нинџа во судот на рочиштето за настаните од 27 април.
Тој рече дека бил ангажиран во тајната полиција од Горан Грујевски во 2015 кога опозицијата почнала со објавување на бомбите.
Грујески му дал задача на Нинџа кој тогаш го добил прекарот „Самурај“ да следи одредени личности. Василевски рече дека ги следел Зоран Заев, Оливер Спасовски кој во време на техничката влада беше министер за внатрешни работи, Зоран Верушевски и Алберт Муслиу во чиј дом биле поставени и камери од тајната полиција.
Камерите биле поставени кога немало никој дома. Нинџа му реферирал лично на Грујевски, а по смената на Грујевски, соработувал со новиот шеф на Петтата управа, Никола Бошковски.
Сега на барање на барање на Нинџа, пред судот ќе сведочи екс директорот Владимир Атанасовски кој е спроведен од притвор.