Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ништо без Нуланд

0
By Светлана Јовановска on July 20, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиите со часови и денови преговараат за да дојдат до договор за судска реформа. И тоа трае веќе 18 месеци. Последниот рок за договор е утре, четврток 21 јули.

Партиите што преговараат не се македонските туку албанските кај нашата сосетка Албанија. Која во 2014 година доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ а преговорите за членство треба да се отворат во декември 2016 година. Тоа е албанскиот актуелен сон.

Но, сонот нема да стане реалност доколу нема судска реформа и ако не и се стави крај на корупцијата во судството, Албанија може да го заборави својот сон за старт на преговори за членство со ЕУ.

Таа реформа треба да донесе ефикасна борба против мафијата, огранизираниот криминал и огромната корупција а  мнозинството албански граѓани, дури 90 отсто, со нетрпение очекуваат ефикасно и независно судство.

Албанската мафија е голема закана не само за Албанија и регионот туку и за цела Европа.

Истовремено од албанските лидери се бара да кажат «стоп» за изјавите за Голема Албанија.

Но, власта и опозицијата не успеваат да дојдат до договор па така се уште не може да се каже дали Парламентот утре ќе може да го аминува договорот.

Rama-Basha-620x296

Премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата Љулзим Баша

Под будното око на ЕУ и САД

Како и кај нас, преговорите се водат под будното око на ЕУ и САД.

Американскиот амбасадор во Тирана во вторникот предупреди дека ќе има “тешки” последици за политичарите кои нема да ја одобрат реформата:

“Тешки и долгорочни последици”, рече амбасадорот Доналд Лу но не сакаше да даде детали за кои последици и акции станува збор. Сепак, прецизираше дека политичките партии знаат за што тој зборува.

1024x1024

Еди Рама и Викторија Нуланд

И во Албанија како и кај нас, пред неколку дена дојде заменик државниот секретар Викторија Нуланд со компромисно решение па така во понеделникот преговорите помеѓу партиите продолжија. Досега без резултат.

САД го обвинија лидерот на опозицијата Љулзим Баша, претседател на Демократската партија, дека постојано ги менува ставовите околу нацрт договорот.

Критики стасаа во вторникот и од Брисел. Комесарот Јоханес Хан и Европскиот парламент (ЕК) побараа од Албанија да му даде живот на договорот.

Референдум за судска реформа?

Комесарот Хан во ЕП изјави во вторникот дека четврток е последниот рок за договорот. Но, додаде дека ако тоа не се случи, постои можност за распишување на референдум. Анкетите велат дека 90 отсто од граѓаните би гласале за широка реформа во судството и со тоа би ги натерале политичарите да реагираат.

Важен елемент во предложената реформа е можност со која меѓународната заедница може да стави вето на изборот на кандидатите за судии и обвинители.

Опозициската партија е против овој дел од договорот и вели дека вакво решение земјата ќе ја претвори во протекторат. Гласовите на оваа партија се неопходни за да може договорот да биде усвоен.

kuvendi-22-640x350

Албанскиот парламент

Но премиерот Еди Рама од Социјалистичката партија е поддржувач на оваа реформа. Според него, ова е «реформа над сите реформи». Според Рама, политичките партии треба да ги тргнат рацете од судството а во инстанците кои ќе одлучуваат за избор на судии не треба да учествуваат политичките партии.

Судството – срамот на Албанија

«Се додека судиите зависат, на било кој начин, од политичарите, корупцијата ќе продолжи», изјави Кнут Флекенштајн, европски пратеник и известувач во ЕП за Албанија.

img_2215Кнут Флекенштајн

Американскиот амбасадор неодамна ги извади дипломатските ракавици и изјави дека «корупцијата им дозволува на судиите и политичарите да си ги полнат џебовите а го урива животот на нормалните и чесни луѓе».

Амбасадорот на САД во Албанија: “Корупцијата им дозволува на судиите и политичарите да си ги полнат џебовите а го урива животот на нормалните и чесни луѓе”.

Еди Рама сосема се согласува со оваа дијагноза. Тој за агенцијата АФП изјави неодамна дека албанското судство “срамот на оваа земја”.

Премиерот Еди Рама изјави неодамна дека албанското судство «срамот на оваа земја».

Според еден експертски извештај за имиџот на судството, Албанците се убедени дека некои судии земаат помеѓу 100.000 и 300.000 евра за да бидат именувани на место што им одговара.

100380_1

Еден затвореник може да излезе од затвор ако плати помеѓу 60.000 и 80.000 евра.

Во јуни, претседателот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг Гунтер Кришбаум од ЦДУ, се закани дека Албанија не само што нема да почне преговори за членство туку и кандидатскиот статус ќе и биде одземен.

Иако Албанија е членка на НАТО, судската реформа се уште не е направена. Извештаите на меѓународната заедница го критикуваат судството како непрофесионално и корумпирано.

Албанија реформа судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.