Нискобуџетската авиокомпанија „Изи Џет“ од Велика Британија од 1 ноември годинава ќе лета на релација Скопје – Женева.
Линијата првично ќе биде одржувана со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември се планира зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.
Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува „exyuaviation.com“.