Илјадници јога ентузијасти се собраа на Тајм Сквер во Њујорк, во обид да се борат со забрзаното темпо на живот во градот.
Настанот „Умот над Лудилото“ е организиран од професионални јога тренери.
Пред 11 години кога започна оваа манифестација учествуваа само тројца луѓе, додека оваа година бројката се искачи на над 16 000 регистрирани учесници.