Младиот Зекир Ајруш од Охрид трет во Њујорк за фотографија на која е прикажан сметот во Охридското езеро.
Во време во кое човекот многу малку води грижа за животната средина, младиот охриѓанец 16 годишниот Зекир Ајруш на светот особено на младите генерации успеа да му покаже дека околината во која живееме треба да биде чиста бидејки тоа е предуслов за поубав живот.

На Интернационалната олимпијада во Њујорк за екологија – GENIUS OLYMPIAD (2014),која се одржа од 15 до 19 јуни, Ајруш во конкуренција на 800 средношколци од целиот свет го освои третото место за својата фотографија на која е прикажан сметот кој го крие Охридското езеро, како и човековите обиди да го сокријат тоа наместо да се справат соодветно со отпадот.

Идејата е меѓу другото преку фотографијата која ја видоа многу млади луѓе од целиот свет да пренесе и дека нештата не се исчистени, сеедно што се сокриени, мислејки на отпадот во водите низ целата Земја.
На фотографијата е претставено и дете кое ја открива тајната која возрасните сакаат да ја сокријат.




