Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НМСМ почна иницијатива за формирање национално собрание на млади

0
By Marija Todorovska on September 26, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук НМСМ
Фото: Фејсбук НМСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со цел воспоставување на националното собрание на млади и советодавното тело на млади, предвидени во Законот за младинско учество и младински политики, вчера во Скопје, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) одржа иницијативна средба за формирање на националното собрание на млади, соопштија денеска од НМСМ.

 Во присуство на 40 младински организации и претставници на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади и меѓународните организации, се дискутираше моменталната состојба и предизвиците при воспоставувањето на законски дефинираните механизми за младинско учество на национално ниво и се дефинираа конкретни чекори и динамиката за финализирање на процесот, пишува во соопштението.

Како резултат на оваа средба, се додава, младинските организации потпишаа декларација со што ги потврдуваат заедничките заложби за формирање функционални механизми за младинско учество и конкретно формирање национално собрание на млади.

По средбата, како што се истакнува, се очекува да се формира координативно тело што ќе има за задача да ги спроведе сите потребни чекори за иницирање и организирање на собранието, како и информирање на младинските организации и релевантните институции за улогата на ваквото тело.

Оваа средба е продолжение на напорите што НМСМ, заеднички со останатите чадор организации Коалиција Сега и Сојузот за младинска работа, ги спроведуваше во текот на минатата и оваа година, што имаа за цел да се поттикне поголема имплементација на Законот за младинско учество и младински политики и да се даде можност на младите суштински да се вклучат во процесите на креирање политики. Националното собрание на млади и националното советодавно тело претставуваат загарантиран простор каде младите и младинските организации можат да влијаат на политиките и да придонесат кон креирање на програми што одговараат на нивните реални потреби. За да придонесе кон овој процес, покрај измените и дополнувањата на Законот што беа доставени годинава до Собранието, НМСМ изготви и прирачници за воспоставување и работење на двете тела, се наведува во пишаната изјава на Мариана Ангелова, генерален секретар на НМСМ.

Овој настан е дел од проектот „Функционални механизми за младинско учество на национално ниво“ поддржан со грант Национална интервенција на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

млади нмсм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
ФОКУС

Најмалку 65 загинати во пожарот во Хонг Конг но многумина сè уште се водат како исчезнати

ВЕСТИ November 27, 2025

Бројот на загинати во пожарот што зафати неколку станбени висококатници во Хонг Конг се зголеми…

Тензии во Бугарија: Демонстранти ги блокираа пратениците во парламенто – владата го повлече спорниот нацрт-буџет

November 27, 2025

Хонг Конг: Евидентирани се 44 загинати, а 279 се водат за исчезнати во големиот пожар во станбените блокови

November 27, 2025

Агелер вечерва со изјава на ТВ го „утепа“ Мицкоски за судството – пораката е „помалку зборови, повеќе дејствување“

November 26, 2025
ТИКЕР

По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, бугарската влада го повлече нацрт буџетот за 2026 година

November 27, 2025

Бизарен говор на потпретседателот на САД

November 27, 2025

Ацо Боцевски викан Циганот нема да лежи затвор за убиство – избега во Грција па делото му застарело

November 27, 2025

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во комплекост облакодери во Хонг Конг, а 279 лица се водат за исчезнати

November 26, 2025

Баварскиот суд даде зелено светло за „дување“ во парковите

November 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.