Во текот на изминатата ноќ екипите на зимската служба на Град Скопје фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, и сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.
Екипите на зимската служба на терен со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите, соопштија од Градот Скопје.
Оттаму им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.