Published: Sunday, January 19, 2014 09:35
Фото:Телеграф.мк
Ноќеска е поплавен поголем дел од Булеварот Партизански одреди, поради пуканти две водоводни цевки кај пазарчето Буњаковец во Скопје. Водата се проширила до дури до Соборниот храм“Св.Климент Охридски“, а како што јавува Телеграф.мк на раскрсницата кај соборниот храм ноќеска сообраќајот бил блокиран поради граѓаните кои во паника ги преместувале возилата.

фото: Телеграф.мк
Дефектот се случил во делот кај пазарот во Буњаковец поради што поголеми дел од централното градско подрчје остана без вода.
Како што велат граѓаните, водата буквално извирала како водоскок. Екипите на ЈП Водовод и канализација се излезени на терен за да го санираат дефектот.




