Серија од дваесетина земјотреси со епицентри во преспанско-битолскиот регион ноќеска биле регистрирани, од кои најсилниот бил во 22 часот и 49 минути, со епицентар на 20 км западно од Битола, со интензитет од 5 до 6 степени според Европската макросеизмичка скала-1998. Во поширокиот преспанско-битолски регион бил регистриран земјотре со интензитет од 4 до 5 степени, а во останатите места на југозападниот дел од Македонија, земјотреси со послаби интензитети.