Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноќеска запален автомобилот на новинарот Бранко Тричковски

0
By Нова ТВ on May 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 13, 2015 18:21

Ноќеска, на новинарот Бранко Тричковски му бил запален автомобилот, а инцидентот веднаш го пријавил, и како што вели, полицијата му соопштила дека трага по сторителите, барајќи при тоа од него да му ги достави сите докази за заканите кои ги добива во последно време.

Тричковски денеска на неговиот ФБ профил го опиша инцидентот:

„Ордите на Груевски ми го убија џипот!

Ордите на Никола Груевски на повлекување убиваат невини луѓе, разоруваат куќи, уништуваат фамилии, бизниси, се!

Јас сум мала жртва во тоа оргијање на најневеројатната лудост што е забележана во еволуцијата на хомо сапиенсот: сношти ми го запалија џипот, еден убав спомен од времето кога водев успешен приватен бизнис во новинарството пред тие да дојдат да ми го уништат.

Прво бизнисот па, еве, сега и споменот!

Од три часот почнаа да ми тропаат на врата, да ми ѕвонат телефоните!

Мислев дека се дојдени по мене, зашто во меѓувреме, добив илјадници закани во една оркестрирана и диригирана кампања од луѓето што се во служба на Големиот идиот со апели да се најде полицаец кој би ја извршил пресудата!

Синоќа се задоволиле со џипот, убав “ренџ ровер” римини боја, 2,7 литри 190 кс 2007 година!
И со крајната вознемиреност на мојата сопруга. И на соседите.
Ноќта на оставките решиле да си ја ублажат со пламенот на мојот џип и со тревога во моето семејство!

Но, тоа е, почитувани пријатели. Цената на битката мора да се плати. Јас не ја сметам мојата жртва вредна за внимание од аспект на материјалната и финансиската штета. Што е еден џип спрема куќите на луѓето во Куманово! Да не зборуваме за човечките животи кои паднаа не на олтарот на Македонија, како што тврдат лудаците што запалија еден прекрасен автомобил, туку на бездушието на Големиот идиот што имавме несреќа да не води во оваа невидена пропаст!

Чувајте се драги пријатели, но не сопирајте ниту за секунда во битката за слобода,
нормалност и модерност, не отстапувајте ниту еден милиметар од патот на кој ќе ги стигнеме и ќе ги изринеме!

Се гледаме повторно на улиците и на плоштадите и насекаде каде што треба да бидеме за да бидеме луѓе.“, напиша новинарот Тричковски на неговиот ФБ профил.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.