Кјетил Јансруд е нов светски шампион во спуст. До првата мундијалска титула, Норвежанецот стигна со време од 1:19,98 минути на првенството во Оре, Шведска.
Второто место го освои неговиот сонародник, Аксел Лунд Свиндал во неговата последна трка во кариерата (+0,02 стотинки), трет беше Австриецот Винмсент Крихмаер (+0,33 стотинки).
Светското првенство во скијање во Оре продолжува во понеделник со трки во алпска комбинација.