Откако на изборитево Норвешка изгуби коалицијата предводена од Лабуристичката партија на премиерот Јенс Столтенберг, тој го призна поразот и најави дека ќе поднесе оставка.
На изборите победи централно-десничарската коалиција, со што Ерна Солберг, лидерот на Конзервативната партија ќе ја преземе власта.
Конзервативците изјавија дека се подготвени да формираат коалициона влада со Прогресивната партија која се залага за анти – имиграциски закони.
Столтенберг, беше премиер од 2005-та, а на овие избори побара трет мандат. Неговата влада се соочуваше со критики поради економските политики и масакрот на 77 луѓе претежно поддржувачи на неговата партија од страна на Андерс Брејвик во 2011 година.