Ортопедскиот хирирг Тодор Ношпал размислува дали воопшто да се врaти да работи на Клиниката за ортопедија, откако судот донесе решение да се врати назад бидејќи добил незаконски отказ. Ношпал за НОВА изјави дека најверојатно ќе остане да работи во приватната болница каде што е сега ангажиран, а Клиниката за ортопедија ќе си плати оштета.
-Клиниката е должна во рок од осум дена да ме повика на работа. Но, јас размислувам дали воопшто да се вратам таму, каде што многу работи не се средени. Најаверојатно ќе останам да работам во приватната болницата „Свети Лазар“ каде што сум ангажиран сега, би се вратил само доколку добијам раководна финкција за да го средам хаосот изјави за НОВА ортопедскиот хирург Ношпал.
Судот уште во Април годинава донел решение дека лекарот е неосновано избркан од работа, но предметот се пресели во апелација, по жалбата на Клиниката за ортопедија.. Доктор Ношпал пред година и пол доби отказ од работа бидејќи наводно издавал службени тајни и ја повредил работната дисциплина, со тоа што во јавноста открил дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури.
Тоа се случи во време кога министерот за здравство Никола Тодоров забрани пациентите сами да купуваат медицински материјали, туку тоа да го прават самите клиники. Но, во моментот на Клиниката имало недостиг на ортопедски колкови и протези на клиниката, по што редици пациенти останаа да чекаат операција и не беше дозволено сами да купуваат медицински материјали.
Доктор Ношпал алармираше за тешката здравствена состојба на 78 годишна жена, која со недели чекаше на операција на клиниката. Набргу пацинетката почина, а ортопедот Ношпал беше суспендиран, а потоа избркан од работа.
Ношпал вели дека според пресудата Клиниката мора да го врати на работа и тоа на истата раководна функција, шеф на одел. Тој најави дека уште во понеделник ќе оди на Клиниката за ортпедија, за да види што се случува.




