Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов играч на пазарот на онлајн игри на среќа: Малтешки ГИГ во коалиција со домашната К.А.К

0
By Нова ТВ on July 20, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: theocelot.co.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групацијата „Гејминг Иновејшн Груп“ (ГИГ) со седиште во Малта, која менаџира со софтверот на платформата за онлајн игри ГИГ Кор, влегува на пазарот на интернет игри во земјава преку домашната компанија К.А.К.

Како што објави порталот Интергејмонлајн, предвидено е договорот за деловна соработка меѓу двете компании да биде потпишан во текот на следниот месец и со него ќе и се овозможи на ГИГ да нуди онлајн игри преку казината на К.А.К. Се очекува договорот да стане оперативен во текот на првиот квартал на 2021 година.

Извршниот директор на К.А.К, Огњан Циговски, вели дека ГИГ е позната во индустријата за онлајн игрите како сигурна и доверлива компанија со историја на успешно работење.

„ Со нејзина помош, ние ќе се прошириме во новорегулираниот пазар на интернет и веруваме дека со тоа што ќе ги оствариме нашите напори за поврзување на нашите казина во мрежната понуда, што ќе им оди во прилог на нашите сегашни клиенти, а се надеваме дека ќе привлечеме и нови“, изјави Циговски.

Првиот човек на ГИГ, Ричард Браун вели дека Северна Македонија има долга историја во сегментот на традиционалните казина и претставува главна туристичка дестинација за игри на среќа во регионот.

„Нашето партнерството со водечкиот бренд во угостителството и забавната индустрија во регионот е одлична можност за ГИГ и со нетрпение очекуваме да помогнеме во растот на малопродажниот успех на „Ле Гранд“ казината преку интернет“, додава Браун.

К.А.К е сопственик на „Ле Гранд Казино Скопје“ и на „Ле Гранд Казино Битола“, на хотелите „Епинал“ во Битола и „Спорт“, „Бистра“ и „Лоџ“ во Маврово, како и на ски-центарот „Маврово“.

ГИГ, пак, покрај на Малта, свои подружници има и во Марбелја (Шпанија), во Осло (Норвешка), во Кристијансанд (Норвешка), во Гибралтар и во Копенхаген (Данска). Компанијата котира на берзите во Осло и во Стокхолм.

ГИГ Игри на среќа К.А.К Казина онлајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.