Денеска во 13 часот малолетно лице било нападнато од група малолетници во автобус со број 7 близу Транспортниот центар, потврдуваат од МВР.
Екипата на МВР работи на случајот за да се пронајдат сторителите и мотивите за овој напад.
Од полицијата велат, за сторителите на синоќешниот напад во автобусот 65 во кој маскирани лица претепаа неколку од патниците во Стајковци, сеуште нема информации, односно се работи на расветлување на случајот.
Освен инцидентот во Стајковци, во текот на вчерашниот ден се случиле и други два помали инцидента во кои на тројца малолетни лица, им била пружена лекарска помош, откако непознати насилници без причина ги нападнале децата.
Засега не се знае дали серијата напади се поврзани, а сеуште се работи на откривање на сторителите во сите инциденти во автобусите на ЈСП.




