Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

0
By Zoran Ivanov on May 21, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 21, 2026 11:23

Австрија, Чешка, Италија, Словачка и Словенија предлагаат модел што би го забрзал приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ преку постепено отворање на клучни делови од единствениот европски пазар.

Наместо класичниот процес во кој целосното членство е единствената награда на крајот од реформите, идејата е интеграцијата да се „распарчи“ во повеќе фази. Така, државите кандидати би можеле да добиваат пристап до одделни сектори како што напредуваат во усогласувањето со европските правила и во зајакнувањето на инситуциите, особено во делот на владеењето на правото.

Овој концепт, претставен во неформален документ што го пренесе „table.media“, директно се обидува да одговори на долгогодишниот проблем на замор од реформи во земјите од регионот. Според авторите, токму видливите придобивки, како пристап до пазарот, би можеле да ја одржат политичката волја и довербата на граѓаните во процесот на европска интеграција.

Планираната постепена вклученост би ги опфатила основните столбови на внатрешниот пазар на ЕУ. Меѓу нив се енергетските мрежи и трговијата со електрична енергија, дигиталниот простор, транспортните и логистичките текови, како и политики поврзани со стратешки суровини. Дополнително, се разгледува и олеснување на младинската мобилност и унапредување на прекуграничните движења преку побрзи и поефикасни процедури.

Документот беше презентиран на состанок во Братислава од австриската министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајзингер, пред колегите од Западен Балкан и групата „Пријатели на Западен Балкан“. Од таму беше испратена порака дека целта останува полноправното членство во ЕУ, но дека патот кон него треба да биде пофлексибилен, со можност одредени одлуки за меѓучекорите да се носат и со квалификувано мнозинство во рамките на Унијата.

На 11. мај Марта Кос, еврокомесарката за проширување, во Брисел, на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи, изјави дека „има место за сите земји од Западен Балкан во Европската Унија“ и дека проширувањето останува приоритет на ЕУ. Таа нагласи дека напредокот зависи од реформите што ги спроведуваат земјите кандидати. Европската Унија размислува за промени во правилата и критериумите за прием на нови членки, со цел да се забрза процесот на проширување кон Западен Балкан и Украина, изјави таа.

 

балкан ЕУ западен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.