Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов објект за исхрана на „менито“ на Специјалната антитерористичка единица – Тигар

0
By НОВА ТВ Balaban on November 22, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 13:42

Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени околу девет милиони денари, соопштија денеска од МВР, е изграден  по  највисоки полициски и ХАСАП стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување храна во текот на 24 часа седум дена во неделата.

 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска  во касарната  „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба на нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

– МВР инвестираше  во  целосна реконструкција на објект во  касарната „Илинден” што  го  доби на трајно користење од  Министерството за одбрана, а кој од денеска ќе биде во функција – објект за исхрана со кујна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица, кои од формирањето на Единицата до денеска се хранеа во објект надвор од кругот на касарната, потенцирал министерот Спасовски.

Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени околу девет милиони денари, соопштија денеска од МВР, е изграден  по  највисоки полициски и ХАСАП стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување храна во текот на 24 часа седум дена во неделата.

Кујната покрај за САЕ „Тигар“ има капацитет да овозможи приготвување храна и за други организациски единици на МВР, во посебни околности, за потребите на службата.

Имено, по спроведена јавна набавка со барани високи критериуми, преку електронска аукција бил избран економски оператор кој под посебен мониторинг ќе ја приготвува и служи храната за припадниците на САЕ „Тигар“. Со тоа, МВР првпат го имплементира овој пилот проект кај нас, кој кај повеќе полиции во Европската Унија успешно функционира подолг период, се наведува во соопштението, со тенденција во иднина да се прошири и во други објекти на министерството.

– Со  доаѓањето на чело на  МВР  на  министерот Спасовски,  како резултат на посветеноста во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 62 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници. Исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што Министерството за внатрешни работи  бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава, стои во соопштението од МВР.

 

Исхрана нов објект Специјалната антитерористичка единца – Тигар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.