Русија синоќа изврши напад врз Киев, во кој најмалку едно лице беше убиено, а десет беа повредени. Главниот град на Украина повторно беше цел на балистички ракети и беспилотни летала, што предизвика експлозии и пожари, пишува „Кијив Индепендент“.
Според неофицијални информации, целите на руските напади биле термоелектрани лоцирани во Кијив и неговата околина.
Според извештаите на новинарите на терен, експлозиите одекнале низ Киев непосредно пред 4 часот наутро по локално време. Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, го потврди нападот. По ударот, избувнале неколку пожари на неколку локации на левиот брег на гра

