Нов скандар со педофилија ја тресе Католичката црква. Папата Фрањо го повлекол од Доминиканската Република Џозеф Весоловски заради основано сомнение дека имал секс со малолетници.
Дека Весоловски е уплеткан во секс со малолетнички отворено признал Агрипино Коладо ректор на Католичкиот универзитет во Санта Доминго.
-Ова е ситуација која преставува вистинска срамота и болка за нас во Католичката црква. За мене е големо изненадување и никогаш немаше да очекувам дека еден пратеник на Светата Столица ќе биде заплеткан во нешто вакво изјави Коладо.
Во тек е службена истрага против пратеникот потврди Франциско Домингес Брито државен адвокат во Доминиканската Република.
-Тука се среќаваме со двоен аспект, тоа е нашето законодавство и меѓународните закони бидејќи е во прашање личност со дипломатски статус изјавил Брито.