Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов универзитетски учебник „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи”од Марјан Ѓуровски – придонес кон науката за безбедност

0
By НОВА ТВ Balaban on January 17, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во издание на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер од СР Германија во Скопје и Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола излезе од печат универзитетскиот учебник со наслов „Основи на безбедност – Концепциски безбедносни пристапи” во авторство на проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за Безбедност-Скопје, соопштија од  Универзитетот „Св.Климент Охридски„.

Публикацијата претставува сложен научен труд кој се темели на широко разработена теориска рамка на истражување на безбедносните концепти поткрепена со систематско собирање на факти и последователна нивна анализа кои се употребени  во презентацијата и развојот на безбедносните концепти.

Во универзитетскиот учебник се нагласува дека безбедноста е комплексен феномен и, во суштина не само поради неговата недостижна природа и содржина со оглед на времето и местото во кое се дискутира за него, туку, исто така, поради фактот што дискусијата за безбедноста е неизбежно поврзана со други категории: страв  (за физички опстанок), отсуство на структурно насилство, мир, благосостојба и стабилност.

Како политичка концепција, безбедноста очигледно е предуслов  за постоење на живот – индивидуален и социетален и се однесува на отсуство од закани и заштита од нив. Сфаќањето на безбедноста како вроден интерес на секоја индивидуа и на пошироките човечки колективитети – фамилија, општество, нација, држава, меѓународен систем, укажува на потребата од  проширување на концептот на безбедноста кон овие колективитети. Оттука, во теоријата се обликуваат концепти како национална и меѓународна безбедност и, во поново време, индивидуална, социетална и глобална безбедност, што укажува на значајно ширење на нови димензии на безбедноста се наведува, меѓу другото,   во книгата.

Во книгата од професор Ѓуровски која ќе се изучува на студиите по безбедност, криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност-Скопје на прв, втор и трет циклус на студии и на други високо образовни институции се наведува дека проблемот на националната безбедност треба да се сфати како системски безбедносен проблем во којшто и индивидуите и државите и меѓународниот систем имаат своја дел, и во кој што економските,социјалните и факторите од сферата на животната средина, подеднакво се значајни како политичките и воените.

Фондацијата „Конрад Аденауер„ и Универзитетот „Св.Климент Охридски„ ќе организираат посебна промоција и дискусија на темата за која денес излезе од печат книгата „Основи на безбедносн-концепциски безбедносни пристапи„, соопштија од  Универзитетот „Св.Климент Охридски„.

Марјан Ѓуровски Факултетот за Безбедност-Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.