Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов закон против корупција: ДКСК ќе може да поднесува кривични пријави

1
By Нова ТВ on September 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 20, 2018 16:30

Новиот предлог-закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси од денеска е ставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР со што и официјално почнува јавната дебата по предлог-законот.

„Имајќи предвид дека важечкиот Закон за спречување на корупција е донесен во 2002 година и е менуван седум пати, согледано е дека измените кои се предложени ќе надминат една третина од законскиот текст. Тоа бара донесувањето на измените да биде како нов законски текст“, велат од Министерството за правда.

Новиот предлог-закон ги обединува Законот за спречување на корупција и Законот за спречување на судир на интереси.

Антикорупциска ќе поведува постапки за кривично гонење

Меѓу осумте клучни измени, министерството за правда предлага зајакнување на надлежностите на Комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) како и одвојување на повеќе пари за нејзината работа.

Покрај основните надлежности за борба против корупцијата и судирот на интереси, министерството за правда предлага Антикорупциската комисија да биде обврзана да дава мислења за предлози на закони за кои претходно ќе спроведе анти-корупциска проверка, да постапува по пријави на граѓани и фирми за сомнежи за корупција и судир на интереси како и да покренува иницијатива за поведување постапка за утврдување на одговорност на службени лица и да поведува постапки за кривично гонење за случаите на кои работа таа.

„ДКСК да постапува во случаи на судир на јавниот и на приватниот интерес, да ја следи и евидентира имотната состојба на функционерите со водење регистар на избрани и именувани лица и да покренува иницијативи пред надлежните органи врз основа на извештаи на Државниот завод за ревизија“, пишува меѓу другото во предлог-законот за спречување корупција и судир на интереси.

ДКСК ќе мора да носи одлуки во прецизно утврдени рокови

По изгласувањето на новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси се воведуваат прецизни рокови за постапување на ДКСК по приговори за финансирање на изборни кампањи за злоупотреба на буџетски пари а институциите и политичките партии ќе бидат обврзани во рок од 15 дена да им ги достават на увид сите потребни документи на антикорупционерите.

„Државната комисија е должна во рок од 60 дена да го информира лицето кое покренало иницијатива за испитување на финансирање на политичка партија и да ја информира јавноста за наодите од покренатата постапка. ДКСК е должна во рок од 24 часа да го достави приговорот против лице за кое постои иницијатива за утврдување одговорност и истото може да се изјасни за наводите во претставката во рок од 3 дена од денот на нејзиниот прием. Комисијата е должна на јавна седница во рок не подолг од 5 дена од поднесениот приговор да ги испита наводите  и да постапи по приговорот. Државната комисија одлучува по приговорите на јавна седница и е должна во рок од 24 часа од закажаната седница, одлуката да ја објави на својата веб страница.

Доколку се утврдат сомневањата за било која иницијатива за испитување на одговорност, ДКСК е должна да иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи во рок од 15 дена од донесената одлука. Државната комисија најдоцна во рок од три месеци од денот на завршувањето на изборите му доставува посебен извештај на Собранието за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања“, пишува во предлог-законот.

Со новиот предлог-закон се гарантира пристапот на ДКСК до бараните податоци за службени лица и политички партии, со цел утврдување на имотната состојба и злоупотреба за финансирање на изборни кампањи и партии. Исто така се воведува обврска сите државни органи, финансиски институции и партиите да бидат обврзани да одговараат на барањата за информации од ДКСК а Антикорупциска ќе има увид во договорите за јавни набавки во случај на сомневање за корупција и тогаш кога нема да има избори.

Се воведува и обврска за функционерите во период од две години од како им престане функцијата јавно да го објавуваат својот имот како и да ја пријавуваат секоја промена во истиот. Еднаш годишно ќе се контролира и имотната состојба на претседателот и членовитена ДКСК.

Од Министерството за правда уште посочуваат дека со измените на законот се воведуваат транспарентни постапки за избор на ДКСК со учество на невладиниот сектор и медиумите.

„Во текстот на предлог-законот, се имплементирани препораките на ГРЕКО кои се однесуваат на измени на законска регулатива, препораките на Европската Комисија, Извештајот на Прибе, како и други препораки од експерти“, велат од Министерството за правда.

Од таму ги повикуваат експертите, политичките партии и граѓанските организации да ги достават своите предлози, за како што велат, подобрување на текстот на законот.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.