Шефот на фирмата за млечни производи Фонтера од Нов Зеланд се извини за вознемиреноста предизвикана кај родителите поради стравот од контаминирани производи, јавува Би-Би-Си.
Тео Спирингс зборуваше во Кина откако се дозна во саботата дека серии на веј протеин содржи бактерии кои можат да предизвикаат ботулизам.
Контаминирани производи, вклучувајќи ја детската формула, се извезуваат во голем број земји, вклучувајќи ја и Кина.
Ботулизам е исклучително опасна форма на труење со храна.
“Жалиме за болката и анксиозноста кои ова прашање би можело да ги предизвика,”, изјави г-дин Спирингс на новинарите во Пекинг.” Родителите имаат право да знаат дека бебешката и другите производи се безбедни.”
Тој додаде дека Фонтера беше посветен на Кина и работеше со регулатори за решавање на проблемот.
Кина и Русија го забранија увозот на контаминирани производи.