Published: Saturday, June 27, 2020 18:19
Објавена е нова аудио снимка во која се слушаат гласовите на Зоран Милевски-Кичеец и српскиот контроверзен бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака.
Разговорот е објавен на јутјуб профилот „Лепливи раце“, истиот кој ги објавуваше снимките со Ден Дончев. Според описот на снимката наводно Кичеец со Дака зборува за 300 000 евра кои ги дал, плус 2000 квадрати. Бизнисменот се жали дека некој го местел.
Се споменуваат Зоран Заев и генералниот секретар на владата Драги Рашковски. Наводно дека е поврзан со референдумот за името и зделка во која е инволвиран Рашковски. се споменува и преговарање за некоја земја во Штип.




